Расмусен: Прекинот на испораката на гас за Бугарија и Полска е директен удар од Москва за НАТО

Вашингтон, 28 алрил 2022 (МИА) Прекинот на испораката на руски гас за Бугарија и Полска е директен удар од Москва за НАТО алијансата, но Бугарија ќе биде помогната со гас од другите ЕУ земји, изјави денеска во Вашингтон Андерс Фог Расмусен, поранешен генерален секретар на НАТО.

„Одамна знаеме дека Путин ја користи енергијата како оружје, бидејќи Европа е премногу зависна од испораките на руска нафта и гас“, изјави тој во интервју за радиото Си-спен.

„Путин со ова ненамерно го поплочи патот за воведување ембарго од ЕУ и се надевам следниот чекор во европските санкции против Русија ќе биде нафтено ембарго, а потоа и гасно. Тоа ќе нанесе реален удар на воената машина на Путин, и тоа ќе биде најдобриот начин да се стави крај на војната, а тоа е да се запре финансирањето на неговата воена машина“, изјави Расмусен.

Прочитајте и:  Гринфилд: Се додека Украинците се борат против инвазијата и идеологијата на „посилниот секогаш е во право“, САД ќе ги поддржуваат

Тој додаде дека за разлика од Полска, која има капацитети за складирање на гас – како ново изградени резервоари и капацитети за течен природен гас, Бугарија нема такви можности.

„Бугарија ќе биде помогната од соседите. Во изминатите години ЕУ изгради многу интерконектори за гас за слободен проток на природен гас преку границите и ги употребува како оружје против обидите на Путин да уценува одделни земји. Според тоа, другите ЕУ земји ќе ѝ помогнат на Бугарија“, изјави Расмусен.

- Реклама -