Ботаничкиот проект Botanicalls им овозможува на жедните растенија да ви
завртат на телефон за помош. Кога на растението од мрежата му е
потребна вода, тоа може да повика некој човек за да ги изврши неговите
потреби.
Ботаничкиот проект Botanicalls им овозможува на жедните растенија да ви завртат на телефон за помош. Кога на растението од мрежата му е потребна вода, тоа може да повика некој човек за да ги изврши неговите потреби.
Мрежата работи на сензори кои се поставени во секое растение, чии информации се испраќаат до луѓето. Информациите за секое растение се зачувани во базата, а според инфото од сензорите, тие воспоставуваат телефонски повици до најблискиот телефон и ги „изразуваат“ нивните желби. Кога микроконтролерот на растението ќе одлучи дека растението треба да направи повик, тој ја контактира PHP скриптата која потоа информациите ги праќа до телефонот и генерира јавување. Потоа се вклучува претходно снимен аудио фајл кој ги изразува потребите на растението кои може да бидат наводнување, благодарност, непотребно наводнување или постоење на екстремни околности.
Како додаток на телефонскиот систем, постои опција за јавување која јавувачот ќе го поврзе со растението за да научи нешто повеќе за него.
Целта на овој проект е да се поврзат растенијата и луѓето, како и начините преку кои тие би можеле да комуницираат, односно протоколите како е-пошта, смс и сл. [botanicalls.com]