Објавено пред 7 години, сублимирано од последните 500 години на уметност што ја слави женската убавина. Ова видео сведочи за повеќе од пет века менување на стандардите за убавина…Претставени преку метаморфоза на женски ликови во 2 минутно видео кое ги премина сите граници на популарност. Конфучие ќе рече – „постои убавина во се’, но не секој може да ја види“. Да Винчи, Ботичели, Рафаел, Дирер, секој од нив со свое поимање кое доста се разликува од денешната дефиниција за женската убавина. Видеото е дело на Philip Scott Johnson кое подоцна е номинирано за најкреативно видео на You tube, а кое нема да Ве остави рамнодушни. Дали соодвествува на Вашата дефиниција за убава жена, безразлика на годините?
[youtube http://www.youtube.com/watch?v=nUDIoN-_Hxs]