Разведен маж со 20 совети за бракот

Секогаш е добро да учиме од луѓето кои поминале низ тешкотии, и ни ги раскажуваат вистините што ги дознале преку горкото искуство.

Ова се 20 совети на разведен маж, кој ги сфатил сите грешки во бракот:

Meditating at the beach

Не престанувајте да се додворувате

Не престанувајте да ја водите на состаноци. Жената никогаш не смее да се зема здраво за готово.

Чувајте ја

Во срцето треба да имате едно посебно место каде што само вие и вашиот брачен другар ќе можете да се логирате.

Вљубувајте се повторно и повторно и повторно

Не заборавајте, таа не е должна да остане со вас и ако не се грижите за својата љубов, постои веројатност да се појави некој друг кој ќе го направи тоа подобро.

Фокусирајте се на нештата што ги сакате кај неа

Ако ги анализирате постојано работите кои не ви се допаѓаат, тогаш ќе бидете постојано нервозни. Погледнете во работите што ги сакате.

Не се обидувајте да ја промените

Вашата работа е да ја сакате таква каква што е.

o-HAPPY-MARRIAGE-facebook

Преземете целосна одговорност за своите чувства

Не е нејзина задача да ве прави постојано среќен. Целосно ваша задача е да ја најдете среќата, а кога ќе успеете,  тоа ќе се одрази и на вашата врска.

Не ја обвинувајте

Вашите емоции се ваша одговорност.

Оставете ја да биде своја

Во животот не е сè пеперутки и розови очила. Има моменти во кои таа е лута или вознемирена. Во такви моменти вашата работа не е да се обидете да го промените начинот на кој се чувствува, туку да бидете до неа.

Бидете забавен

Не сфаќајте се сериозно. Смејте се. Насмејте ја и неа. Смеењето прави сè да биде полесно.

Направете да се чувствува посебна

Кажете и да напише 10 работи кои ја прават да се чувствува сакана и запомнете ги. Трудете се да ги правите секој ден, за да биде таа среќна.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

6-great-ways-to-have-a-happy-marriage

Бидете со неа тука и сега

Третирајте ја како најважниот клиент. Кога сте со неа, навистина бидете со неа – и со телото, и со духот. Таа навистина е вашиот најважен клиент.

Бидете подготвени да ја прифатите нејзината сексуалност

Покажете ја својата машкост, така што таа да ја открие својата душа пред вас. Направете да се стопи во својата женственост, знаејќи дека може да ви се довери целосно.

Не бидете идиот

Секој прави грешки. Како вие, така и таа. Едноставно не правете премногу грешки. И најважно, учете од нив.

Дајте и го нејзиниот простор

Една од работите во кои жените се добри, е да решаваат. Можат да го прават тоа до заборав. Треба да ја потсетите да се откине од вас, и  да отиде да се грижи за себе. Дајте и го нејзиниот простор да се забавува и бидете сигурни дека ќе се врати со уште повеќе љубов.

Бидете ранлив

Никој не бара од вас да сте секогаш силен. Покажете ги своите стравови, чувства, покажете дека ги увидувате своите грешки.

Weight-gain-is-a-sign-of-happy-marriage

Бидете транспарентен

Ако сакате да имаат доверба во вас, треба да сте подготвени да се откриете целосно пред својата жена.

Никогаш не престанувајте да растете заедно

Пронајдете ги своите заеднички цели и соништа кои ги следите заедно.

Не грижете се постојано за пари

Парите се игра. Научете се да бидете тим, за да играте и заработувате заедно.

Фокусирајте се на иднината

Не гледајте во минатите грешки, без разлика дали вие или таа ги дозволила. Тие се тежок товар за носење. Прошката е слобода. Ослободете се.

Секогаш избирајте ја љубовта

На крајот на краиштата тоа е единствениот совет од кој имате потреба. Ако се водите од овој принцип, нема ништо што ќе му наштети на вашиот брак. Љубовта секогаш победува.

article-2385896-0B623A5400000578-121_634x489

- Реклама -