Развојот на батериите ќе наметне електрични возила

Сениор потпретседателот на Hyundai, Ли Ки-сан, прогнозира дека ако во следните неколку години автомобилската индустрија успее да стигне до посакувано ниво во технологијата за батериите, тоа ќе ја промени целосно сликата на пазарот за електрични возила и тоа исклучително брзо.

Корејците инвестираат во различни насоки во развојот на еколошки модели: хибриди, електрични и на водородни горивни ќелии. Сеуште Hyundai не објавил која технологија ќе е најважна кај следната генерација модели на марката. Според Ли Ки-сан, ако се појави револуционерна технологија до 2025 година, на која работат и во неговата компанија, 90% од светскиот пазар ќе биде од електрични модели.

Според анализите на Hyundai, можностите на конвенционалните литиум-јонски батерии веќе се исцрпуваат и тоа ќе го ограничи зголемувањето на досегот на новите модели на електрични изданија. Се претпоставува дека следниот чекор во развојот на овие технологии ќе е еволуцијата на т.н „солидни батерии”, при што се смета дека Hyundai веќе има некое искуство во креирањето на истите. Сеуште нема информации кога овие батерии ќе стигнат  на посакувано ниво на перформанси, односно бидат подготвени за употреба во масовно производство на електрични возила. Ки-сан сепак потврди дека компанијата работи на развојот на оваа технологија.

– Ако следната генерација батерии, се појави во 2025 година, тогаш пазарниот удел на електрични ќе скокне на 80-90% од целокупниот пазар – прогнозира потпретседателот на Hyundai. – Денешните литиум-јонски батерии ќе стигнат лимитот во 2022-2023 година, па производителите на батерии веќе работат сериозно врз нивните замени.

Ки-сан потврди дека во следните 3 години Hyundai ќе претстави 10 хибридни модели, 8 plug-in остварувања, 8 електрични модели и два автомобила кои ќе се напојуваат со горивни ќелии.

Автоплус

- Реклама -