По апсењето на поранешниот албански претседател и актуелен лидер на Партијата на слободата, Илир Мета, остро, со обвинувања, реагираа од неговата партија која смета дека станува збор за „ киднапирање а не за аспење“ и лидерот на Демократската партија Сали Бериша, нарекувајќи го „политички прогон“.
-Тоа не е апсење, тоа е земање заложник, киднапирање, среде бел ден. Немаме информации каде е господинот Мета сега, кусо изјавил генералниот секретар на партијата Теди Блуши.
Во острата реакција лидерот на Демократската партија и поранешен премиер и шеф на албанската држава, Сали Бериша, обвини дека станува збор за „политички прогон“ и оти „Еди Рама се обидел и физички да го елиминира“.
-Политичкиот прогон на Илир Мета е политички, политички и само политички. Тие не објавија никакви факти, никакви документи, но ги спроведоа наредбите на Еди Рама, кој со сите средства се обиде да го елиминира Илир Мета политички, а можеби и физички. Ве известив дека Думани спие на досие во кое се расправа за елиминација на политичар близок на Еди Рама. Дали разбирате дека државните банди би се дрзнале да елиминираат политичар близок до Еди Рама, без наредба на Еди Рама? Значи, Еди Рама е едно со криминалот, обвини Бериша.
По апсењето на Мета, Специјалниот суд изрече мерката и за неговата сопруга, со која се во процес на развод, Моника Круемади, која се однесува на обврска за редовно јавување и забрана за излез од државата.
Круемади(50) е пратеничка во албанскиот парламент и за неа деновиве се очекува да се побара одземање на пратеничкиот имунитет.