Реакција од Министерството за здравство: Интервенцијата на Итната помош била навремена и во согласност со протоколите

Министерството за здравство реагираше на објавите кои укажаа на наводно задоцнета интервенција на Итната медицинска помош по утринската сообраќајна несреќа на булеварот „Партизански одреди“, близу поликлиниката „Букурешт“. Службата нагласува дека реакцијата била навремена и спроведена во согласност со утврдените протоколи.

„Во однос на тврдењето за задоцнетo вклучување на Итната медицинска помош, сакаме да ја информираме јавноста дека интервенцијата била извршена според постојните процедури и во пропишаната времenska рамка. Повикот е примljen во 07:20 часот, а пациентот е транспортиран до здравствена установа веќе во 07:42. Ова укажува на навремена и ефикасна реакција на службата, особено со оглед на сообраќајниот метеж во утринските часови. Апелираме до јавноста да провери факти и точно да информира, со цел да се избегне ширење на неточни информации кои можат да му наштетат угледот на службата и да предизвикаат непотребна загриженост кај граѓаните“, изјавуваат од Министерството за здравство.

Прочитајте и:  „Пулс“ никогаш не била на контролна листа, тврди поранешниот директор на ДЗС за неавтентични потписи.