Реакција на Алијанса за средбата на Мицкоски со Јанкулоска: „Денес, повеќе од кога било, се гледа вистинското лице на Мицкоски“

„Денес, повеќе од кога било, се гледа вистинското лице на Мицковски и неговите политички партнери“, реагираа од Алијанса за Албанците за средбата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

„Средбата и објавувањето на фотографијата со Гордана Јанкуловска го легализираат и рехабилитираат политичкиот и институционалниот криминал како политичка жртва. Алијанса за Албанците најостро го осудува обидот на Христјан Мицковски и ДПМНЕ за амнестија и рехабилитација на криминалци кои во моментов издржуваат затворски казни“, велат од партијата.

Според нив, со ова се поставува прашањето дали Мицкоски, ако дојде на власт, планира, како што велат, да ги врати во политиката сите осудени криминалци.

„Фактот што ВМРО никогаш не најде сила да се извини за мрачното минато и да се огради од тој период, покажува дека и нивната иднина останува криминал и мрак, а во овие регресивни акции партнери се и некои мизерни Албанци.

Јавно ги прашуваме Мицкоски и опозицијата, дали оваа слика значи дека планирате враќање во политиката на сите криминалци осудени со правосилни пресуди за криминал и злоупотреба на власта во минатото? Дали ова е причината за спротивставување и блокирање на европската иднина на земјата, која ќе донесе и правда и праведна борба против криминалот и корупцијата?“, се вели во реакцијата.

Одговор добија од ВМРО-ДПМНЕ. Алијанса за Албанците да не глуми спаринг партнер на ДУИ, порачаа од најголемата опозициска партија.

„Алијансата за Албанците иако е небитна како ланскиот снег, целосно губејќи го својот идентитет и претопувајќи се во ДУИ и делувајќи како нивен спаринг партнер, само ќе ја прашаме до каде е случајот со двете куќи едната на Арбен Таравари, другата на министерот Фатмир Меџити, дадени по багателна цена, од страна на пратеникот на ДУИ Јахоски, кој е сопственик на Пуцко Петрол?“, прашаа од ВМРО-ДПМНЕ.

- Реклама -