Реал без Мбапе и уште шестица во пресрет на Сити

Реал Мадрид го соопшти составот на кој тренерот Алваро Арбелоа ќе се потпре за вечерашниот натпревар против Манчестер Сити на стадионот „Бернабеу“, во рамките на осминафиналето од Лигата на шампионите.

Како што се предвидуваше, „Лос Бланкос“ ќе бидат без повредениот најдобар напаѓач Килијан Мбапе, за кого медиумите изразуваат сомневање дека би можел да се врати за реваншот во Англија следната недела.

Во составот од 23 играчи, има уште шест повредени фудбалери: Давид Алаба, Едер Милитао, Алваро Карерас, Дани Себаљос, Џуд Белингам и Родриго.

Сепак, добро е што во тимот се враќаат Едуардо Камавинга, Дин Хаусен и Франко Мастантуоно, кои пропуштија натпреварот против Селта (2:1). Камавинга имал проблеми со забите, додека другите двајца беа суспендирани.

Прочитајте и:  Формула 1 останува во Лас Вегас до 2037 година

Покрај нив, во составот се најдоа и пет млади таленти: Диего Агуадо, Хорхе Сестеро, Мануел Анхел, Цезар Паласиос и Тијаго Питарч.

Фото: Depositphotos