Реал Мадрид му нуди доживотен договор на Роналдо

Раководството на Реал Мадрид многу брзо реагира по изјавите на својот најдобар фудбалер Кристијано Роналдо дека е несреќен во „Кралскиот клуб“. За него се подготвува доживотен договор, со кој Португалецот би останал на „Сантијаго Бернабе“, се разбира, под многу, многу подобри услови од досегашните.

Иако Роналдо истакна дека причините за незадоволството не се во парите, сепак, Флорентино Перез знае дека со многу подобар, и тоа доживотен договор може да го смири лидерот на тимот.

Според новиот договор, на Кристијано Роналдо ќе му биде загарантирана нето плата од 16 милиони евра годишно, а секоја наредна година, во зависност од остварувањата во минатата ќе добива и дополнителни бонуси.

Прочитајте и:  Неверојатен интерес за првото „Ел класико“ на Мбапе: 1.1 милиони фанови онлајн чекаат билет за „вечното дерби“

По завршувањето на кариерата, тој ќе добие место во клубот и ќе остане да работи за „Кралевите“, нешто слично како Зинедин Зидан.

Останува да се види дали Кристијано Роналдо ќе биде задоволен со понуденото и дали ќе се сложи да потпише доживотен договор со Реал Мадрид. За него веднаш се заинтересираа и Манчестер Сити, ПСЖ и Манчестер Јунајтед, клубови кои сакаат да ја искористат шансата да стигнат до услугите на Португалецот.

- Реклама -