Реал Мадрид победи на Олд Трафорд за пласман во 1/4 финале (видео)

Реал Мадрид го победи Манчестер Јунајтед со 2-1 и се пласираше меѓу осумте најдобри во Лигата на Шампионите, турскиот судија Чакир беше во центарот на вниманието.

Реал Мадрид го победи Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд со 2-1 и со вкупни 3-2 продолжува во Лигата на Шампионите.

Манчестер Јунајтед е бесен на турскиот судија Чакир кој во 57. минута му даде директен црвен картон на Нани, момент кој го промени натпреварот.

Првото полувреме не изобилуваше со шанси, борбеноста беше на највисоко ниво, но ретки беа заканите кон Лопез и Де Геа.

Најдобрата можност ја имаше Манчестер Јунајтед, Дани Велбек од неколку метри биеше право во Диего Лопез.

Резултатот беше отворен на стартот од второто полувреме кога несреќниот Серхио Рамос ја затресе сопствената мрежа.



Клучниот момент на натпреварот се случи во 57. минута, Нани стартуваше опасно врз Арбелоа, се чини дека Португалецот не го забележа фудбалерот на Реал Мадрид, ненамерен старт, но судијата Чакир му покажа директен црвен картон.

Прочитајте и:  Модриќ пред Пушкаш - ќе стане најстариот играч во историјата на Реал Мадрид

Фергусон, неговите фудбалери и навивачите беа шокирани од одлуката на судијата.

Реал Мадрид е премногу голем за да ја пропушти можноста, Кралевите брзо ја искористија надмоќта на теренот.

Во 66. минута, нововлезениот Лука Модриќ постигна прекрасен гол од далечина за израмнување на резултатот на 1-1.

Три минути подоцна по асистенција од Игуаин, Кристијано Роналдо го реши победникот поставувајќи ги конечните 2-1.



До крајот на натпреварот Манчестер Јунајтед имаше неколку убави обиди, но Диего Лопез беше фантастичен, не дозволи нова радост на домаќините.

 

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал.

- Реклама -