Реал Мадрид во новата сезона со нов стратег

Актуелниот селектор на Франција, Дидие Дешамп, важи за најсериозен кандидат за тренерската позиција во Реал Мадрид. По завршувањето на Светското првенство, тој ќе ја напушти улогата на селектор на „триколорите“, со што ќе заврши неговиот 14-годишен мандат.

Според информации од „РМК Спорт“, Дешамп е во потесниот круг за местото на тренер во „кралскиот клуб“.

Во Реал Мадрид владее незадоволство поради кризата со резултатите, а постои опасност да не успеат да освојат ниту еден трофеј на крајот од сезоната.

Тековниот тренер, Алваро Арбелоа, кој е само привремено решение, не успеа да ги исполни очекувањата на управата.

Прочитајте и:  Објавени се паровите за полуфиналето на Ф4 во Лигата на шампионите.