Реал Мадрид синоќа во Мајами ремизираше со Ал-Хилал во првото коло од групната фаза на Светското клупско првенство со резултат 1:1.
Во 34. минута, Гонзало Гарсија го отвори резултатот за саудискиот тим. Седум минути подоцна, Ал-Хилал израмни со гол од пенал, кој го постигна Рубен Невес.
Во последните моменти од натпреварот, конкретно во 90+2. минута, Федерико Валверде имаше можност да го доведе Реал Мадрид до победа, но не успеа да го реализира пеналот. Ударот на Уругваецот одбрани голманот на Ал-Хилал, Јасин Буну.
Ова беше првиот натпревар на Реал под водство на новиот тренер Чаби Алонсо, а во тимот дебитираа и новите дефанзивци Дин Хејсен и Трент Александер-Арнолд.
Следниот натпревар на Светското клупско првенство во 2025 година Реал ќе го одигра против мексиканската Пачука на 22 јуни, додека Ал-Хилал на 23 јуни ќе се сретне со австрискиот Салцбург.




