На многумина од нас добро би им дошло да симнат некое кило. Не само што немањето вишок е добро по здравјето и расположението, туку и драматично може да го разубави ликот.
Bored Panda собра обемна галерија што покажува како тие промени се рефлектираат на визит картата на секоја индивидуа – лицето. Од елиминирање на подбрадокот, па до искрата на самодоверба што одново почнува да зрачи од очите на ослабениот – галеријава треба да нé мотивира да бидеме упорни и да направиме нешто добро за себе.
Ѕирнете и на Bored Panda. Ќе најдете уште повеќе примери, а и секој си пишува колку и за колку време ослабел.