Децата се најпогодени од загадувањето на воздухот особено поради тоа што отровните честички негативно влијаат на развојот на дишниот систем.
Лицата кои имаат хронични проблеми со дишните патишта и нарушено физичко здравје исто така се во ризичната група.
Како и да е, аерозагадувањето го загрозува здравјето, а и животот на секоја жива единка во природата, предизвикувајќи навлегување на отрови во дишниот систем, но и во целиот организам.
Според инфографикот на „Рефлектор“, кај децата до шест години се развиваат белодробните алвеоли и загадувањето може да предизвика тој процес да се одвива неправилно.
Списокот на болести кои произлегуваат од неправилен развој на дишниот систем е долг, а хроничната кашлица и бронхитисот се само мал дел од нив.