Реинкарнација – грешка во меморијата?

reincarnation_ppЛуѓето што веруваат дека се сеќаваат на својот претходен живот, на
пример, дека биле индијанска принцеза или командант на воени трупи,
најверојатно страдаат од грешки во меморијата, покажаа резултатите од
најновото истражување.

 

reincarnation

 

Луѓето што веруваат дека се сеќаваат на својот претходен живот, на пример, дека биле индијанска принцеза или командант на воени трупи, најверојатно страдаат од грешки во меморијата, покажаа резултатите од најновото истражување.

Научниците спровеле неколку експерименти со луѓе што, откако биле подложени на хипноза, тврделе дека живееле во минатото. При ова истражување, од испитаниците се барало на глас да прочитаат список од 40 непознати имиња, а два часа подоцна им била покажувана листа со три типа имиња – непознати имиња (кои тие веќе ги прочитале во претходната листа), познати имиња и имиња на непознати луѓе што испитаниците претходно не ги виделе. Нивна задача била да одредат кои имиња се најпознати.

Научниците забележале дека, за разлика од луѓето што не веруваат во реинкарнација, овие испитаници двапати повеќе ги грешеле имињата. Всушност, луѓето што веруваат во реинкарнација сметаат дека непознатите имиња што ги виделе на листата се имиња на познати личности. Таа грешка покажува дека тие тешко може да погодат од каде потекнува сеќавањето за името.
 
Според научниците, луѓето што ги прават овие грешки често се убедени во вистинитоста на нешта што реално не се случиле.

виа. 

- Реклама -