Рекламата може да биде уметност

„Ова е една од најпознатите прекрасни рекламни кампањи на годината“, истакнува во наслов Business Insider.
Рекламната иницијатива, која го освои светското внимание и доби одлична критика, е изработена за брендот јапонско виски – Suntory.

Кампањата е дело на агенција TBWA \ Hakuhodo и заслужува признание, со оглед на тоа што во видеото прикажува изработката на исклучително убави и минијатурни форми од мраз, кои се вклопуваат во чаша виски.

Како е можно? Агенцијата користи CNC рутер и технички процес кој е вид на „превртено“ 3D печатење.

Студените блокови направени во сложена форма, се реплицирање на светски туристички атракции како Статуата на слободата, Големата сфинга во Гиза… Има и мраз како Бетмен, како и форма на статуетки на лав, кои се даваат како награда на најдобрите реклами во светот, за време на на најпрестижниот меѓународен настан за креативност – годишниот рекламен фестивал во Кан, Франција.

Прочитајте и:  Уметникот што ја создаде бананата залепена на ѕид: Делото е провокација за вредноста на уметноста

Миуако Фуџиуара од агенција TBWA \ Hakuhodo објаснува дека уметничките дела биле произведени во просторија со температура од минус 7 степени. Таму била снимена рекламата. Креативната екипа на агенцијата неодамна доби награда за најдобра кампања за 2014 година.

Еве ја и видео рекламата, а подоле уживајте во делата изработени за таа цел.

Минијатурни уметнички дела од мраз, кои се вклопуваат во чаша виски.

1 2 3 4 5 6 7 8 9

Текстот е објавен во соработка со VIA Marketing.

- Реклама -