„Македонија долго време живееше во страв од навреда, ако се сака себеси“, изјави министерот за култура и туризам Зоран Љутков на прославата на 150-годишнината од Разловечкото востание во село Разловци. На свеченоста по повод овој јубилеј, министерот нагласи дека Разловци е „највисокиот пантеон на македонскиот опстој“ и симбол на непокорност, што, како што истакна, „нема да се заборави“.
Љутков презентираше дека со средства од 25 милиони денари, целосно е реконструиран Спомен-домот на Разловечкото востание, каде што е поставена нова музејска поставка, што дополнително го истакнува значењето на овој настан во македонската историја.




