Рељиќ: Задоволна сум од настапот на Олимписките игри, ми фалеше малку среќа


Македонската таеквондистка, Милјана Рељиќ изјави дека е задоволна од настапот на Олимписките игри во Париз, но се надева и на поголеми успеси во иднина.

Рељиќ успеа да ја победи двократната олимписка шампионка Џејд Џонс, една од најголемите фаворитки, но деби настапот на Олимпијадата го заврши со пораз во четвртфиналето од Либанката, Аун.

-Задоволна сум од настапот на Олимписките игри. Вчера ги завршив борбите. Во првата борба се сретнав со двојната олимписка шампионка, но во борбата влегов храбро и сконцентрирано. Немав никаков стрес или притисок поради тоа што таа беше двапати олимписка шампионка и неколкупати европска и светска шампионка. Со тренерот смисливме добра тактика што да работиме, тоа го работев и на крај победивме. Во втората борба за жал тесно изгубив од претставничката на Либан. Борбата беше изедначена, можеби фалеше малку спортска среќа, но направивме добри борби. Тука нема да застанеме, продолжуваме напред кон поголеми успеси, вели Рељиќ.

- Реклама -