Renault, заедно со Qualcomm Technologies и Vedecom, демонстрираа систем за динамично безжично полнење на електрични возила (DEVC), кој е во состојба да полни (20 kW) батерија на автомобилот, дури и кога таа се движи со брзина од над 100 km/h.
Системот DEVC е развиен со идејата да биде применлив реално во патната инфраструктура, a дозволува мереното полнење да се врши и во двете насоки на движење. Овој состав би бил специјално интегриран во патната конструкција. Истата таква е веќе изградена од Vedecom и Qualcomm близу до Париз, како дел од проектот FABRIC, делумно поддржан од Европската унија.
Двата електрични Kangoo Z.E. кои се дополнително доработени од Renault и Vedecom, ќе бидат искористени за дополнителни тестови за проценка на енергетската ефикасност на идејата и нејзината применливост во пракса.