Американската актерка Рене Зелвегер се прослави и ги придобри обожавателите жирум светот преку улогата на Бриџит Џонс. Таа одлично го долови ликот на симпатичната, неснаодлива Бриџит, во филмот „Дневникот на Бриџит Џонс“.
Сега, 14 години откако се сними првиот дел на филмот, Рене Зелвегер се врати во Лондон каде и се припрема за ново снимање. Следи трето продолжување на филмот, а како што стојат работите, изгледа дека ќе нема место за Хју Гранд во овој дел .
Од старата екипа, освен Рене Зелвегер ќе игра и Колин Фирт, а продуцентите го најавија појавувањето на Патрик Демпси.