Рено не планира враќање во САД

Францускиот производител на автомобили Renault не планира враќање на пазарот во САД, и покрај шпекулациите во европската печат на оваа тема во последните недели.
Истражувањата за вкусовите на купувачите во САД покажуваат дека некои од моделите на Renault, кои се популарни во Европа, не би наишле на соодветен прием во Северна Америка. Ова важи за двосед електромобилот Twizy, „братот“ на Nissan Juke – Captur или популарниот субкомпактен модел Clio. Затоа не треба ни да разнислуваме, а ниту да дискутираме во овој момент за овој пазар, велат од францускиот производител. Донесувањето и спроведувањето на ваква одлука не е воопшто лесно за компанија со димензиите на Renault, која е една од најголемите во светот на автомобилската бизнис, а САД се по Кина најголем пазар во светот и мошне атрактивен.

Прочитајте и:  Захарова: Новата американска база во Полска одамна е на листата на приоритетни цели за уништување

Сепак, Канада ќе биде исклучок?! За таму е продажба на Twizy (електромобилот ќе дојде кај дилерите на брендот во Квебек во следните неколку месеци, а соодветен интерес треба да предизвикаат Clio и Captur.

Догодина во Женева Renault ќе блесне ревитализираната Alpine, главниот пазар на новата спортска кола ќе е во Европа, но од компанијата не ја исклучија можноста моделот да стигне и до САД. Но, конечната одлука за тоа ќе биде донесена најверојатно на крајот на годината.

- Реклама -