Решен проблемот со екранот кај преклопливиот iPhone на Apple

Концепт слика од iPhone што се преклопува, создадена од Imagen 3/Gemini

Во последно време, информациите дека Apple планира да го лансира својот прв уред што се преклопува, како дел од iPhone серијата, стануваат сѐ почести. Овој нов модел ќе наликува на iPhone кој при отворањето се трансформира во помал таблет. Овие детали беа спомнати во повеќе наврати, а дури и димензиите на екранот веќе се познати. Според корејскиот ETNews, компанијата е во фаза на селекција на производители за екраните и планира да започне со производство годинава. Ваквата рана подготовка укажува на тоа дека производителот ќе биде избран до април, со планирано започнување на производството во втората половина на оваа година. Официјалната промоција на iPhone на преклоп се очекува за следната година, најверојатно заедно со iPhone 18 серијата.

Значајно е што ETNews тврди дека Apple имаат постигнато напредок во однос на еден од главните предизвици на ваквите уреди – линијата која се појавува на местото на преклопување на екранот. Според нивните извори, проблемот е решен до значителен степен, и се можеби таа линија нема ни да биде видлива. Apple целат кон решавање на овој проблем без обзир на трошоците, што би ги издвоило од другите конкуренти на пазарот. Исто така, се очекува Samsung Display да бидат избрани за производство на екранот, со оглед на нивната долгорочна работа на оваа технологија. Отчетот од ETNews укажува дека за целосно намалување или отстранување на линијата не се доволни само материјалите, туку клучен е и механизмот за преклоп. Corning ќе бидат одговорни за произведување на тенкото заштитно стакло за екранот, додека американската компанија Amphenol ќе го произведува механизмот за преклоп.