Рестартирање на изградбата на болницата, Медицинскиот факултет и студентскиот дом во Штип, најави Мицкоски.

Премиерот Христијан Мицкоски објави дека нашата држава обезбедила понуди од угледни светски финансиски институции за финансирање на проектот за изградба на Клиничката болница, Медицинскиот факултет и студентскиот дом во Штип.

„Собравме понуди од истакнати финансиски институции за реализација на проектот за Клиничката болница, Медицинскиот факултет и студентскиот дом во Штип. Следната недела планирам состанок со Министерката за финансии, а потоа и заеднички состанок со министерот за здравство. Очекувам, како дел од нашата стратешка соработка со Велика Британија, овој процес во најскоро време да се активира. Има некои законски норми кои требаше да бидат завршени, но верувам дека сето тоа наскоро ќе биде реализирано и ќе можеме да сме сведоци на повторното започнување на изградбата на овие важни објекти“, истакна Мицкоски.