Ретка гитара на Битлси на аукција во Њујорк

Гитарата на легендарните Битлси, на која свиреле Џон Ленон и Џорџ Харисон, ќе се најде на аукциска продажба во сабота во Њујорк, а се проценува дека нејзината цена ќе достигне до 300.000 долари, соопшти аукциската куќа Џулиен (Julien’s Auction).

la-et-ms-beatles-guitar-john-lennon-george-har-001

Електричната гитара ќе биде главен предмет за продажба на аукцијата, додале тие, и навеле дека нивните очекувања се истата да се продаде за 200.000 до 300.000 долари. Ленон во 1967-та година ја подарил гитарата на неговиот продуцент од куќата на „Apple Records“.

На аукцијата ќе се најдат и сувенири кои му припаѓаат на Елвис Присли, Дејвид Боуви, Мајкл Џексон и на бендот Grateful Dead.

3285108210

Прочитајте и:  Во хотел во Јоркшир пронајдени  sидните лампи на Мадам де Помпадур од 1 милион фунти 
- Реклама -