Популарната хорор-франшиза Resident Evil што заработи речиси 700 милиони долари ширум светот, доби петто продолжение насловено Resident Evil: Retribution, и тоа во 3Д.
Resident Evil: Retribution ја продолжува приказната за смртоносниот Т-вирус, кој ја пустоши Земјата, трансформирајќи ја глобалната популација во армија од зомбиња. Последната надеж на човештвото е Алис (Мила Јовович), која мора да преживее доволно долго за да победи во борбата на доброто и злото.
{youtube}{/youtube}