Овој рецепт е по препорака на популарниот Др. Оз. Имено, докторот советува дека овој одличен и топол напиток е одличен за пред спиење, односно за добар сон. На наше изненадување чајот е одличен!Може да додадете лажица цимет, лажичка мед или малку ванилен шеќер ( само едно од нив). Чајот во комбинација со било кој од овие додатоци има фантастичен вкус у многу лесно се подготвува.
Стоплете половина литро вода.
На една банана (неизлупена, повторуваме – неизлупена) со нож отсечете и ги краевите.
Целата банана ставете ја во вриената вода и оставете ја да се готви 10 минути.
Потоа извадете ја бананата, а чајот е подготвен за пиење кога ќе се олади.
И за крај, бананите можете да си ги изедете по готвењето, буквано ништо не им недостасува, само не ги фрлајте.
Необичен вкус кој вреди да се проба. Наздравје 🙂