Рецепт за пастрмка со тиквички и морков

Посно јадење кое нема да ве остави рамнодушни.

Состојки:

4 пастрмки ( по 200 г.)

2 лажици лимонов сок

150 г. посен маргарин

250 г. ориз

450 г. тиквички

400 г. морков

120 мл. бело вино

кари, сол, бибер

Подготовка:

1. Исчистената пастрмка измијте ја со вода и исушете ја. Попрскајте со лимонов сок, посолете и побиберете. Во мал сад растопете 50 г. маргарин и со масата премачкајте ја рибата – однадвор или одвнатре.

2. Оризот варете го околу 20 минути вол 500 мл. посолена вода. Загрејте ја внатрешноста од рерната. Решетката обложете ја со фолија, ставете ја рибата и од секоја страна печете ја по 10 минути.

3.  Зеленчукот измијте го добро, исчистете, а потоа печете го на тенки стапчиња. Сето тоа подинстајте го на 50 г. маргарин. Налејте вино и затворено гответе го околу 10 минути. Зачинете со шолј бибер и кари по вкус.

4. Пастрмката, оризот и зеленчукот сипете ги во чинија. Останатиот маргарин изрендајте го вез рибата. Сето тоа украсете го со магдонос и лимон. По желба, можете да додадете брокула, компир, грашок, пипер…

 

- Реклама -