Од компанијата LG најавија производство на револуционерна машина за перење алишта која нема да користи вода.
Иако компанијата не соопшти никакви детали ниту кога би можела оваа машина да се најде во продажба, потпретседателот на LG, Кевин Ча, потврдил дека работат на овој проект.
LG претстави сличен производ наречен Styler – машина која наместо вода, користи пареа која без проблеми ги отстранува дамките и непријатниот мирис од облеката.