Резников: Не верувам дека Русија ќе употреби нуклеарно оружје, но кога имате мајмун со граната за сосед…

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников денеска изјави дека не верува дека Русија ќе употреби нуклеарно оружје во Украина бидејќи тоа не би било ниту прагматично ниту практично, но дека во случајот со Русија треба да се пресметаат сите ризици.

„Мислам дека нема да го употребат. Но, повторно, кога имате мајмун со граната за сосед, треба да процените секакви ризици. Но, не мислам дека тоа е прагматичен и практичен чекор за нив“, изјави Резников.

Тој изрази надеж дека Индија и Кина – земји со кои Москва сака да соработува – јасно му посочиле на Путин дека употребата на нуклеарно оружје ќе биде „црвена линија“.

„Во каква техничката состојба е нивното нуклеарно оружје? Дали знаете? Не. Јас? Не. Тие исто така не знаат. Затоа што последниот тест го направија во 1990-тите во Казахстан, пред повеќе од 30 години“, истакна Резников.

Прочитајте и:  Рускиот напад со интерконтинентална ракета ги подигна полските борбени авиони

МИА

- Реклама -