Резников: Украина е де факто членка на НАТО

Украина е де факто членка на НАТО, вели украинскиот министер за одбрана, Олексиј Резников.

„Украина како земја и вооружените сили на Украина станаа членка на НАТО. Де факто, не де јуре (со закон). Затоа што имаме оружје и знаеме да го користиме“, изјави Резников за Би-Би-Си.

Според него, тоа е факт и неговото тврдење нема да биде сфатено како спорно.

Тој додаде дека е сигурен дека Украина ќе добие нови пратки оружје од западните земји, вклучувајќи тенкови и борбени авиони.

„Сигурен сум дека во блиска иднина, де јуре, ќе станеме членки на НАТО“, додаде Резников.

Извор: МИА

Прочитајте и:  Кремљ: Смешно и апсурдно е да се обвинува Русија за оштетување на каблите во Балтичко Море
- Реклама -