Рибери: Ќе го одбијам Реал Мадрид

Френк Рибери ќе одговори негативно доколку добие понуда од Реал Мадрид, репрезентативецот на ’Триколорите’ сака да се пензионира во Баерн Минхен.

Французинот во 2009 силно се поврзуваше со трансфер на Сантијаго Бернабеу, но ’Баварците’ тогаш не сакаа да слушнат за продажба на играчот и го задржаа Франк Рибери во своите редови.

Во интервју за RMC, Рибери признава дека бил блиску до преселба во Реал Мадрид но додава дека сега му е мило што сепак останал на Алианц Арена.

Репрезентативецот на ’Триколорите’ исто така вели дека ќе одговори негативно доколку добие нова понуда од ’Кралевите’ бидејќи сака до крајот на кариерата да игра во Баерн Минхен.

„Бев многу блиску до трансфер во Реал Мадрид” – рече Рибери. „Но зделката не се реализираше и среќен сум што на крајот останав во Баерн”.

Прочитајте и:  Винисиус се повреди, ќе го пропушти мечот со Ливерпул во Лигата на шампионите

„Доколку Зидан ми се јави сега, ќе му кажам дека тука се чувствувам добро и тој целосно ќе ме разбере”.

Се очекува Рибери во скоро време да стави потпис на нов договор и да ја продолжи верноста кон Баерн до 2017.

„Преговорите се во напредна фаза, се надевам дека по финалето од Купот на Германија ќе го продолжам договорот”.

„Наскоро ќе имам средба со лидерите на клубот. Сакам да продолжам да го носам дресот на Баерн, сакам да ставам крај на кариерата во Минхем”.

„Тука сум шест години, се чувствувам добро, уживам во фудбалот а и моето семејство е среќно”.

„Не гледам причина за заминување. Доколку можам да останам десет години тука, тоа ќе биде извонредно”.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -