Ричард Гир се облече како скитник: Ќе останете изненадени од реакцијата на луѓето

“Кога бев на тајна задача во Њујорк како бездомник, никој не ме забележа“.

Актерот беше дел од социјален експеримент кој докажа дека и богатите и славните остануваат незабележани кога се облечени како сиромаси.

„Почувствував како е да се биде бездомник. Никој не сака да ти помогне. Само една дама ми пријде и ми даде храна.Сфатив колку животот го земаме „здраво за готово“ Ова искуство многу ме промени“, изјави актерот.

rg

„На секој бездомник што го видов му дадов храна и по 100 долари, сите тие плачеа и беа благодарни. Мислам дека сите треба да помогнеме на некој што му е потребна помошта“- додава Ричард.

Ричард Гир денот го помина на улица како скитник, спремајќи се за улогата во филмот “Time Out of Mind”. Филмот треба да го претстави животот на бездомниците во Њујорк.

Прочитајте и:  Kinds of Kindness“ во режија на Јоргос Лантимос - визионерска симфонија на апсурдот

Погледнете ги реакциите во видеото… Интересното е што луѓето кои што шетаат околу него не се статисти.

- Реклама -