Ријана во уште една смела комбинација

Ријана, чиј имиџ веќе стана препознатлив по нејзините храбри комбинации, викендов беше уловена како излегува од ноќниот клуб „Greystone“ во Беверли Хилс. Пејачката на себе носеше неколку броеви поголем машки блузон, со златни високи потпетици и златен накит. Очигледно вечерта РиРи одлучила да ја помине само со нејзините пријателки, и покрај тоа што неодамна нејзиното момче Крис Браун изјави дека се плаши од фактот што може да „се пуштаат“ и други момци на неговата девојка.

- Реклама -