Латино ѕвездата Рики Мартин се подготвува да стане татко повторно следната година, кога неговото семејство ќе се здобие со ќеркичка.Изведувачот на хитот “Livin ‘La Vida Loca”, кој има 6-годишни близнаци, веќе некое време не крие дека сака уште едно дете.
Сега пејачот е подготвен да ги оствари плановите, за да се појави на виделина догодина „девојчето на тато”. Рики Мартин вели дека се уште е во процес на барање на идеалната сурогат мајка. Близнаците на пејачот Матео и Валентино исто беа родени од сурогат мајка во август 2008 година, потсетува весникот.