Рим наскоро би можел да воведе влезници за една од своите знаменитости – фонтаната Треви. Градските власти велат дека сакаат да ја воведат оваа шема како дел од постојните планови за намалување на метежот и промоција на одржлив туризам. Фонтаната од 18. век е едно од задолжителните места за посета во Рим, но редовно има големи гужви и во овој дел оперираат бројни џепчии. „Јас лично сум за нова, ограничена форма на пристап до фонтаната. Ако се воведе оваа опција, римјаните не би плаќале, додека за туристите би имало симболична цена од едно евро со систем за резервација на билети“, изјави Алесандро Онорато, градскиот советник задолжен за туризам. Властите велат дека целта не е да се заработи, туку да се воведе поголема контрола и да се спречат туристите да јадат сладодел или пица на историскиот споменик. Треви е една од најпосетуваните атракции на Рим, во кој годишно доаѓаат околу 35 милиони туристи и се очекува оваа бројка да расте.
Извор