Новороденчињата кои се раѓаат четири месеци пред врвот на сезоната на настинки и грип имаат 30% повеќе шанси да заболат од астма, и токму овие вируси може да се причина за астматични заболувања, потврдија американските научници, а пренесува Ројтерс.

"Сите новородени бебиња се изложени на оваа болест која може да се спречи", изјавила Тина Хартерт, директорка на Центарот за истражување на астма при Универзитетот Вандербилт. Таа потсетува дека веќе некое време е познато дека децата родени на северната хемисфера во есен се повеќе подложни на оваа болест, но и дека оваа е прва студија на научниците од Центарот која ја поврзуваа ваквата појава со есенските и зимските вирусни инфекции. Истражувањето е спроведено на 95000 новороденчиња и нивните мајки во државата Тенеси.
"Она што го докажавме е дека времето на раѓање и ризикот од астма скоро во ден се поклопуваат со периодот кога вирусите се на врвот", рекла Хартерт. Научниците сметаат дека изложеноста на бебињата на вирусните инфекции во текот на зимата може да го активираат генот за астма, доколку детето го поседува. Истражувачите од Центарот наскоро ќе се обидат да докажат и дека превенцијата од овие инфекции може да ја спречи астмата кај детето. [Autumn babies at greater risk of asthma]