Робот учи стрелаштво (видео)

робот стрелецНаучниците од Италијанскиот Институт за Технологија му помогнале на овој мал робот, iCub да научи да користи лак и стрела. Малиот робот успева по само неколку обиди да ја погоди метата, а со осмата стрела дури и го погоди центарот, иако стрелата се одби. Сепак, стрелаштвото е тешка дисциплина, и овој пример јасно покажува дека можеби и треба да се плашиме за нашата иднината.

Научниците од Италијанскиот Институт за Технологија му помогнале на овој мал робот, iCub да научи да користи лак и стрела. Малиот робот успева по само неколку обиди да ја погоди метата, а со осмата стрела дури и го погоди центарот, иако стрелата се одби. Сепак, стрелаштвото е тешка дисциплина, и овој пример јасно покажува дека можеби и треба да се плашиме за нашата иднината.

робот стрелец

Петар Кормушев, еден од научниците кои работи на овој проект објаснува дека алгоритмот за учење наречен ARCHER (Augmented Reward Chained Regression), бил развиен и оптимизиран специфично за проблеми како стрелаштво. Роботот, iCub е open source робот финансиран од Европската Комисија. Овој проект ќе биде официјално претставен на конференцијата Хуманоиди 2010 во декември.

{youtube}QCXvAqIDpIw{/youtube}
Прочитајте и:  Робот со вештачка интелигенција киднапирал 12 колеги
- Реклама -