Роботски хеви метал бенд

Се викаат Сикбој, Фингерс и Бонус и се членови на составот „Kompresorhed“.

Бендот е составен од робот кој е програмиран да свири исклучиво хеви метал песни од групи како AC/DC и Моторхед.
Најстариот член, таканаречениот основач на бендот, е бубњарот Сикбој кој бил конструиран во 2007 година. Две години подоцна му се придружуваат гитаристот Фингерс и басистот Бонус, по што бендот започнува да се занимава со музика.

Денес, тие се искусни изведувачи, со синхронизирано движење, чија видео снимка на интернет е прегледана повеќе од 4,5 милиони пати за помалку од две недели.

Единствена забелешка која може да им се даде на овие „хајтек“ рокери е што немаат сопствен репертоар и изведуваат само познати нумери. Сепак, можно е наскоро и тоа да се промени, па не треба да ве изненади доколку на пазарот се појави и нивен деби-албум.

Прочитајте и:  Уметничко дело на хуманоиден робот ќе оди на аукција

Оние кои би сакале да го слушнат овој бенд во живо, ќе имаат прилика да го направат тоа доколку отпатуваат во Австралија каде “Kompresorhed” ќе настапат на еден од летните фестивали.

- Реклама -