Роденденски концерт на „Милко“

milko

Во една саботна октомвриска ноќ (22.10.2016), главната раскрсница на Партизанска, не води на јубилејна прослава на бендот „Милко“ во кафе барот „Винил“ во Скопје!

Да расчепкаме малку низ никулците. „Милко” е есенско „дете“ се роди во 2006 година во темна и многу валкана подземна просторија во едно предградие на Скопје. „Милко” е резултат на заедничка идеја која беше развиена од страна на начин на имагинацијата и потребата за музичко изразување на поединецот, скриени и интимни чувства. Две третини од групата се одвоени делови од нивнито ткиво, односно групата “Никотин”, тие ја продолжија својата музичка патека во рамките на „Милко” која беше како логично и легитимно наследство на “Никотин”. „Милко” е нивниото привремено засолниште, начин на живот и начин на соочување со реалноста.

„Милко“ еднаш ќе каже: „Може ли да се дефинира нешто што претставува сублимат на чувства, искуства во животот, влијанијата, настаните да бидат трансформирани во формат наречен музика? Може ли некој да го искаже со зборови, а камоли да се дефинира нешто што е толку убаво?“

Фантастичната спојка од Сашо Митревски (гитара, вокал), Стефан Терпини (тапани) и Филип Поповски (бас гитара) ни ја носаат онаа искреност и како нивните стихови да се сведоштво кое го скокотка секој кој ќе заплива подлабоко.

Скопското „дете“ своите десет години постоење и градење на македонската независна сцена се одлучи да ги спакува со концерт за својата публика и на тој начин да го прослави својот роденден. На оваа заедничка прослава каде ќе се слуша добра музика, исто така ќе не посетат гости кои се големи и неуморни двигатели на урбаниот дух, PMG Kolektiv, Васко од Bernays Propaganda и Сеад Сецко Хаџиќ (ex Last Expedition) сегашен член на Мугер Фугер.

Линк до ивентот на  Фесјбук: Клик 

- Реклама -