Родители си го заборавиле тукушто роденото бебе во такси

Родители си го заборавиле новороденото бебе во таксито со кое пред својот дом стигнале директно од болница, објави полицијата од Хамбург.

Кога сфатиле што направиле, таткото потрчал по таксито, но таксистот не забележал, исто како што не го забележал ни бебето. Родителите попусто се јавувале во неколку такси компании – никој не успеал да го лоцира бебето.

Во меѓувреме, таксистот, немајќи појма дека на задното седиште има новороденче, го паркирал автомобилот во подземна гаража и заминал на пауза за ручек. По завршувањето на паузата возел неколку километри за да го земе следниот патник, кој заспаното бебе го забележал при влегување во автомобилот.

Случајот веднаш бил пријавен, а полицијата наскоро го вратила бебето кај родителите и неговата едногодишна сестра.

- Реклама -