Родителите мислат дека не се доволно кул

Невештото ракување со Ајфон, незаинтересираноста за новите трендови, воспоставувањето на авторитет се само дел од нештата поради кои родителите имаат впечаток дека ги „прегазило времето“ и дека нивните деца се срамат од нив.

Резултатите од неодамнешно британско истражување покажала дека четири од десет родители мислат дела изгубиле допир со младите генерации бидејќи не ги следат новите трендови во музиката и технологијата.

howtoparentateenager

Секој четврти верува дека неговите деца го сметаат за „досаден“.

Она што родителите ги прави старомодни во очите на децата е начинот на живеење кои го негуваат новите генерации: поседување на скап автомобил, пушење, желбата да се покаже добар социјален статус во круговите низ кои се движат.

Останува надежта дека децата ќе созреат и ќе престанат да се бараат себе, па повторно ќе најдат заеднички јазик со своите најблиски.

positive-teen-relationship-with-parents2

Меѓу останатото, 85 проценти од децата признаваат дека и самите кога биле тинејџери ги гледале родителите како досадни, па барале да излезат од собата кога доаѓаат нивните пријатели на гости.

- Реклама -