Родителите на „албанската Мадона“ не излегуваат од дома, од срам

Таа го доби вниманието од медиумите, но изгуби нешто поважно…

Додека јавноста не се изненади од нејзините провокативни фотки на црвениот килим, од причина што секогаш има некој што полугол ќе се прошета на црвениот килим, албанската пејачка Белона Чарети, го промовира синглот ‘F*** You I’m Famous’, а нејзините родители, не излегуваат од дома поради срам.

Само неколку часа откако странските медиуми ја почестија со титулата „Моден УПС“, на доделувањето на наградите АМА, Белона на социјалните мрежи одлучи да ја промовира песната и да го искористи моментот.

Оваа Албанка, живее во Америка од 2009 година и самата е свесна дека мрежестиот фустан не е најдобар моден избор, но го доби она што го сакаше – внимание. Со нејзината гола појава, единствените незадоволни се нејзините родители.

– Не сакаат да излезат од дома. Кога им реков дека е добро што се пишува за мене, тие ми рекоа: „Што зборуваш? Беше гола вчера“, признава таа.

За нејзиниот фустан под која носеше единствено танга, биле потребни пет часа за да се изработи.

1550219-bleona

- Реклама -