Родителите се згрозени од оваа реклама – што мислите вие?

Рекламата инспирирана од анимираниот цртан филм „Замрзнатото кралство“, ни најмалку не им се допадна на родителите на малечките кои ја обожаваат приказната на „Дизни“.

Бурните реакции се последица на фактот што родителите ја доживеале рекламата како несоодветна. Во што е проблемот?

Проблем  претставува последната сцена во рекламата, но и тоа што за разлика од првиот филм каде пејат за снешко, зимата и снегот, во рекламата пејат за тоа како градите да бидат „на место“. Родителите се збеснати и што рекламата се емитува на  “Cartoon Network”.

Истата е дело на компанијата „Tриумф“, познато име во светот на модата, кога е во прашање дизајнот на долна облека. Женските анимирани ликови се на старост околу 23 години, по примерот на манекенката Хана Фергусон, и се обидуваат да пронајдат соодветен градник. Потрагата се завршува со сцената во која пее Хана и задоволно се набљудува во огледало, додека го мести градникот.

Токму оваа сцена е причината што телевизијата на која се емитувала истата, добила голем број на жалби. Таткото на едно десетгодишно момче, ја нарекло рекламата вознемирувачка и навредлива.

Што мислите вие – дали рекламата е несоодветна или реакцијата на родителите е претерана?

- Реклама -