Крилниот фудбалер на Реал Мадрид, Родриго, може да ја промени средината и да се приклучи на Тотенхем, објави шпанскиот спортски портал АС.
Според информациите, лондонскиот клуб е блиску до финализирање на трансферот на 24-годишниот Бразилец, особено откако Сон Хјунг-мин го напушти тимот.
Во минатиот период, интерес за Родриго покажаа и Ливерпул, Арсенал, Челзи и Баерн, но Мадридскиот клуб постави цена од најмалку 100 милиони евра.
Во текот на сезоната 2024/25, Родриго имаше активна улога, настапувајќи на 54 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 14 гола и додавајќи 11 асистенции.




