Родриго не славеше со Реал, побрза дома поради Нејмар!

Родриго не славеше со Реал, побрза дома поради Нејмар!

Родриго се најде во фокусот на вниманието по синоќешниот дуел помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити, откако веднаш по натпреварот избрза да го напушти стадионот. Тој накратко објасни зошто брза да пристигне дома.

На „Сантијаго Бернабеу“, кралскиот клуб успеа да триумфира над Манчестер Сити со 3:1, со што вкупно со резултат 6:3 обезбеди место во осминафиналето од Лигата на шампионите. Иако дуелот најавуваше неизвесност и борба до последен момент, Реал Мадрид без посериозни проблеми ја оствари својата цел и го елиминираше тимот на Пеп Гвардиола.

Иако не се запиша во листата на стрелци, Родриго повторно блесна на теренот со својата игра, докажувајќи дека е клучен дел од тимот. Веќе со месеци се шпекулира дека тој би можел да го напушти клубот поради доаѓањето на Килијан Мбапе, кој донесе промени во напаѓачката линија. Сепак, неговото однесување на теренот покажува дека е подготвен да се прилагоди на новите околности и да даде максимум без разлика на позицијата.

По завршувањето на дуелот,Родриго беше повикан да даде изјава во микс-зоната,но очигледно немаше намера да се задржи долго. Побрза да го напушти стадионот, а новинарите добија објаснување зошто:

„Морам што побрзо да стигнам дома. Натпреварот на Нејмар и Сантос започнува наскоро, а не сакам да го пропуштам“, накратко изјави бразилскиот фудбалер пред да замине.