На 21 Јануари 1958 година, жената на Рок Хадсон го конфронтира во врска со неговата сексуалност! Тоа што Хадсон незнае е дека Филис претходно најмила приватен детектив кој ќе ја озвучи нивната куќа и ќе го снима нивниот интимен разговор!
Сигурно ова е шок за постарата генерација и многумина би рекле дека е чиста измислица но HollywoodReporter тврди дека ја има снимката од овој разговор!
Фред Оташ со неговата сопруга
Фред Оташ е името на приватниот детектив, открива неговата ќерка која ја продала снимката на престижниот весник! Таа ја пронашла снимката меѓу многу стари документи на татко и!
Ова е разговорот меѓу сопружниците:
Филис:Ти ми кажа дека секојдневно гледаш илјадници пеперутки и змии. Мојот терапефт ми кажа дека пеперутките ја преставуваат женственоста а змиите, машкоста. Не те осудувам, но доколку си свесен за твојот проблем, зошто не превземеш нешто? Таа исто така се пожалила “Ти си многу брз со мене, сексуално. Дали си брз и со момчињата?”
Рок: Тоа е физички условено. Момчињата не се створени за тоа. Затоа и сексот со нив трае подолго!
Филис: Сите знаат дека собираш млади момчиња од улица, одма откако се земавме, мислиш дека нашиот брак ќе те сокрие?
Рок: Никогаш нема собрано млади момчиња, никогаш. Ниту од улица ниту од некој бар. Ако некогаш сум качил некого, тоа е само да му дадам превоз!