Стоунси наполнија 50 години

Рок-диносаурсите Rolling Stones кариерата ја започнаа на 12 јули 1962 година во лондонскиот клуб „Марке“, и тоа како новокомпониран состав менувајќи го стандардниот бенд, што бил веќе закажан за да настапува на BBC. Тие се враќаат за да ја одбележат 50-годишнината од своето постоење.

На првиот нивен настап во далечната 1962 година, Стоунси настапиле во половичен состав од денешниот, односно на сцената настапиле само Мик Џегер и Кит Ричардс. Кога сопствениците на клубот им кажале да смислат име за да може да ги запишат на сметката, тие го одбрале името Rollin’ Stones (буквата г ја додале подоцна), инспирирани од песната на нивниот блуз-херој Мади Вотерс.

Џегер и Ричардс пред 50 години се качија на сцената  на „Марке“, заедно со Брајан Џонс на гитара, Дик Тејлор на бас, Иан Стјуарт на пијано и Тони Чепман на тапани. Вчеравечер четворицата најдолговечни членови на Стоунси (Џегер, Ричардс, Рон Вуд и Чарли Вотс), се вратија во клубот за да ја одбележат 50-годишнината од постоењето, а тоа беше нивно прво заедничко појавување во јавност во минатите четири години.

Во својата богата кариера бендот има издадено 29 студиски албуми, 14 албуми снимени во живо, 30 компилациски носачи на звук и дури 107 синглови. За овој голем музички јубилеј се планира и документарен филм, книга, како и фотографска изложба. Исто така, се шпекулира дека бендот планира да замине на турнеја. [Rolling back 50 years: After countless hits (and even more wrinkles) the Stones mark 1962 debut]

{youtube}BinwuzZVjnE{/youtube}

- Реклама -