Рома го отпушти Де Роси



Италијанскиот прволигаш Рома го отпушти тренерот Даниеле де Роси, откако тимот не успеа да победи ниту еден натпревар во првите четири кола од новата сезона во Серија А.

Де Роси, кој во текот на својата играчка кариера стана клупска легенда, играјќи 459 пати за Рома од 2001 до 2019 година, ја презеде тренерската функција во јануари оваа година по отказот на Жозе Мурнињо. Благодарение на добрите резултати во втората половина од минатата сезона кога стигна до шестото место со Рома, Де Роси во јуни потпиша продолжување на договорот до 2027 година, но лошиот почеток на новата сезона, односно трите нерешени и поразот го натера водството на „Волчицата“ да се предомисли.

„Даниеле де Роси е разрешен од должноста главен тренер. Оваа одлука е донесена во најдобар интерес на тимот за што побрзо да се врати на посакуваниот пат“, соопшти Рома.

- Реклама -