Рома одбила понуда од 100 милиони евра за Де Роси

Генералниот менаџер на Рома, Франко Балдини, откри дека раководството на „Волчицата“ одбила неколку понуди за Даниеле де Роси, од која една изнесувала огромни 100 милиони евра.

Многу други клубови сигурно би прифатиле една таква великодушна понуда, но управата на Рома сака Де Роси да остане во клубот до крајот на кариерата.

„Де Роси е еден од симболите на Рома. Тој е вистински наследник на Тоти. За него добивме неколку неверојатни понуди, од кои една изнесуваше огромни 100 милиони евра. Но, не ја прифативме“, изјави Балдини.

Тој истакна и дека му дава целосна поддршка на тренерот Зденек Земан и ги демантираше гласините дека не е во најдобри односи со него.

- Реклама -